Во своето проштално видеообраќање, тој ја поздрави новата администрација и рече дека сега, додека се подготвува да ја предаде власта, сака да порача дека движењето што го започна е само почеток.

„Ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзин успех во одржување на Америка безбедна и просперитетна“, рече Трамп во видеопораката, чии делови ги објави Белата куќа.

– Advertisement –

Трамп одби да го признае поразот од Бајден и нема да се сретне со него пред инаугурацијата, туку планира да отпатува за Флорида. Како што е најавено, тој ќе полета од Вашингтон четири часа пред почетокот на инаугурацијата.

Во својата видеопорака, Трамп се осврна на аспектите на неговата работа со кои се гордее, пренесува Фокс њуз.

„Ние го направивме тоа што требаше да го сториме, но исто така и многу повеќе. Водев тешки битки, најтешки битки, донесував најтешки одлуки – бидејќи затоа ме избравте. Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении што не започна нови војни“, рече Трамп.