Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов ја повикува владата да изготви платформа за преговорите со Бугарија и да не се впушта во никакви авантури.

„Ова прашање ќе биде тешко да се реши. Јас сум умерен оптимист, но тешко ќе оди. Не ни треба еуфорија. Го советувам Османи, да не најавува датуми затоа што тоа ќе предизвика нереални очекувања кај граѓаните“, вели Трајанов во интервју за Тв Шења и порталот  zoom.mk.

Тој тврди дека е добро што со резолуција во Собранието се дефинирани црвените линии со кои се штити македонскиот идентитет и макдонското малциснво во Бугарија.

Според него, Османи е добар министер, но мора да биде многу внимателен. Во врска со критиките на Никола Димитров дека нема доверба во Османи, Трајанов смета дека времето ќе покаже дали неговите обвинувања се основани.

Трајанов тврди дека не е за пренесување на информации за текот на преговорите, но јавноста мора да биде информирана за евентуалното крајно решение.

„Финалниот поредлог мора да стави на јавност. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде тука. Таа е голема партија, треба да се вклучи и Парламентот“, истакнува тој и додава дека Албанија треба да ги почне преговори со Европската Унија и не треба да чека на решавање на македонско-бугарскиот спор.