Таткото на славната американска раперка Ники Минаж, Роберт Марај починал во сообраќајна несреќа, откако во него удрило возило додека се шетал низ Њујорк.

Несреќата се случила во петокот вечерта, околу 18:30 часот, откако возило утрило во 64-годишниот Робер Марај. Возачот избегал од местото на настанот, а очевидците не успеале да го опишат осомничениот, соопштила полицијата.

По несреќата, таткото на Минаж веднаш бил пренесен во локалната болница во прилично критична состојба, каде во саботата, им подлегнал на повредите.

Ники Минаж сè уште не ја објавила веста за смртта на нејзиниот татко, а тажната вест за јавноста ја потврди нејзиниот потпарол.