Тимот на Тотенхем синоќа испушти победа на натпреварот од 15. коло на шампионатот на Англија со Вулверхемптон. Конечниот резултат е 1:1, а „Спарс“ примија гол во финишот на мечот.

Тотенхем загуби девет вода оваа сезона поради примени голови во последните 10 минути. Ова е најмногу од сите премиерлигаши.

По овој натпревар, Тотенхем со 26 бода е петти во поредокот, Вулверхемптон со 21 поен се наоѓа на 11. место.