Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.

Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.

Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро./Makfax/

Прикажи повеќе