Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

На средбата се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи на територија на Општина Илинден.

Имајќи ги предвид сите показатели во делот на локалниот економски раст на Општина Илинден, како и зголемениот прираст на население во Општината, заеднички став на министерот и градоначалникот е потребата од изградба на полициска станица во Општина Илинден. За таа цел се изрази подготвеност од двете страни во наредниот период да се интензивираат активностите во насока на реализација на овој проект.

За таа цел градоначалникот посочи неколку локации кадешто е соодветно и може да се изгради и функционира објект-полициска станица во Општина Илинден за што дополнително ќе биде донесена одлука за начинот на реализација на овој проект.