Тони Крос е „мирен“ за својата иднина и преговорите за нов договор со Реал Мадрид. Поранешниот германски репрезентативец има договор со европскиот клупски шампион до крајот на сезоната, но сака да ја заврши кариерата во гигантот од шпанската престолнина.

„Среќен сум и многу сум смирен. Во моментов се чувствувам исклучително добро. Гледам што се пишува во печатот и не знам точно што ќе се случи. За време на паузата од Светското првенство ќе размислам добро и ќе одлучам. Не одам никаде, тука ќе ја завршам кариерата. Во моментов нема вести. Клубот и јас сме крајно мирни. Смешно е колку луѓе мислат дека знаат што мислам јас. Јас самиот не сум свесен. Сакам да останам овде до крајот на моите денови како фудбалер. Толку пати сум го кажал тоа. Можеме да разговараме и во јануари, февруари, март. Сигурен сум дека се ќе биде во ред“, изјави Крос.

32-годишниот германски играч за врска со Реал Мадрид освои три титули на Шпанија, како и четири трофеи во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе