Нема крај на проблемите на Јирген Клоп со повредени фудбалери оваа сезона. Во „болницата“ се приклучи уште еден клучен фудбалер – Тиаго Алкантара. Нему му се заканува нова пауза од неколку недели, и тоа во клучниот дел на сезоната. Шпанецот се повреди на тренинг и неофицијално нема да игра околу еден месец. Играчот од средниот ред ќе го пропушти дербито против Евертон и неколку натпревари потоа во Премиер лигата, а нема да игра и против Реал Мадрид во Лигата на шампионите..

Тиаго се мачеше со повреди во текот на целата сезона, пропуштајќи шест натпревари на почетокот. „Црвените“, пак, генерално имаат потешкотии на средината на теренот, а сега губат важна фигура токму на овој простор.

Шпанецот им се придружи на Вирџил ван Дијк, Луис Диаз, Диого Жота, Ибрахима Конате и Роберто Фирмино, кои веќе некое време се опоравуваат од повреди./Gol.mk/

Прикажи повеќе