Тензична била атмосферата утринава во бугарското Народно собрание, јавуваат бугарските медиуми. Во пленарната сала дошло до судир и физичка пресметка меѓу пратениците на Преродба и Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Пратениците собрале кворум за седница, а по читањето на декларацијата на Преродба дошло до судир. Дел од пратениците се собрале околу собраниската говорница каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ.