Припадник на косовската полиција е повреден синоќа околу 23:00 часот во селото Шербовц во општина Звечане.

Косовската полиција преку соопшти дека биле нападнати од вооружени лица додека биле на должност.

Повредениот полицаец бил пренесен во болница за укажување лекарска помош.

„Денеска, на 08.12.2022 година, околу 23:00 часот, во село Шербовц, општина Звечане, полициски единици додека биле на редовна патрола, биле нападнати од вооружени лица со оружје, од возило „ауди“. Како резултат на инцидентот полесно е повреден припадник на косовската полиција, а причинета е значителна материјална штета на полицискиот автомобил, се вели во соопштението.

Косовската полиција во четвртокот го зголеми присуството на северот на Косово, по нападите што се случија во северните општини во последните два дена, кога општинските изборни службеници се обидоа да ги отворат своите канцеларии во овие општини како подготовка за локалните избори.