„Скај Спорт Италија“ излезе со вест дека Баер Леверкузен испратил понуда за Госенс која Интер ја прифатил.
Кога Инзаги и Чалханоглу на прес конференцијата беа прашани за тоа, двајцата беа зачудени од таквата информација.
Во меѓувреме имаше вест дека претседателот Стевен Жанг лично го блокирал доаѓањето на Ачерби на позајмица од Лацио, бидејќи не сакал дополнително да се зголемува сметката за плати.
„Загрижен сум, му кажав на клубот дека ни недостасува дефанзивец, има уште два дена до крајот на преодниот рок и се надевам дека ќе го добијам тоа што го побарав“, изјави Инзаги.
Фановите на Интер стравуваат дека лошата комуникација меѓу Симоне Инзаги и раководството на клубот може да се одрази и на резултатите на терен.
Извор: 24 фудбал