Стојче Христовски, таткото на починатото 6 годишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими инфузија, за „Макфакс“ во детали ги опиша последните моменти со ќерката. Иако премален од тага тој вели дека зборува за да нема други случаи како нивниот. Тој и сопругата се убедени дека за нивната Јана пресудна била инфузијата со гликоза што ѝ ја ставиле откако ја донеле во болницата и покрај тоа што крвната слика покажала дека шеќерот ѝ е деветка.

„Излегуваат од тие салите сестри некои, ги прашувам – извенете, чупето што е внатре живо ли е, умрено, какво е, три саати веќе се направи ние тука не знаеме. Немав веќе ни надеж бидејќи видов, како се одвива ситуацијата и знаев дека одолговлекуваат само колку да не спремат малце, да не дојде набрзина. Излези друга, прашај вели работевме, не можев да видам. Прашај ја другата таа – не бевме ние во таа сала, никој ништо да ни каже. Два и пол до три саати не знаеме што се случува. Никој ни да излезе да каже, ние се вртевме тука во тој ходникот, си ги чукавме главите во ѕидот. Никој ништо“, вели Христовски.

Целата сторија на Макфакс.