Музичарот Драгољуб Ѓуришиќ е заразен со коронавирусот и се наоѓа на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, пишува „Нова.рс“.

Познатиот тапанар, кој свиреше во групата „Леб и сол“, „Кербер“, Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и со многу други познати изведувачи од регионот, се чувствувал лошо и имал висока телесна температура и одлучил да побара медицинска помош.

68-годишниот Ѓуришиќ за споменатиот медиум потврдил дека е позитивен на коронавирусот.