Претседателот на Собранието, Талат Џафери објави видео на социјалните мрежи од законодавниот дом по ескалацијата на синоќешните протести.

– Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение, напиша Џафери.