Денеска почина легендарниот кошаркар и тренер на Бостон селтикс, Кеј Си Џонс на 89-годишна возраст.

Во историјата на НБА лигата Џонс ќе биде запомнет по тоа што освои дури 12 шампионски титули, осум како кошаркар на Бостон селтикс во 1960-тите години и четири како тренер.

Интересно е што Кеј Си Џонс има перфектен скор во финалињата како играч, осум пати играше во големото НБА финале и осум пати ја освојуваше титулата.

Тој ќе остане запомнет и како единствениот Афроамериканец заедно со Бил Расел кој освои шампионски титули и како тренер.
од 1989 година, Кеј Си Џонс е член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.