Директорката за имунизација на СЗО, Кејт Обрајан, предупреди дека вакцината на „Модерна“ не треба да се дава на бремени жени освен во исклучителни случаи, односно ако станува збор за медицински работник или има медицинска состојба што ги става во ризик.

Иако бременоста ги става жените во поголем ризик од сериозни последици од Ковид-19, во моментов не се препорачува употреба на оваа вакцина кај бремени жени. Тоа не значи дека вакцината предизвикува компликации во бременоста, но во моментов немаме податоци за влијанието – вели Обрајан.

Во извештајот на Стратешката советодавна група на експерти на СЗО (САГЕ)се наведува дека двете дози на вакцината на „Модерна“ треба да се примат во интервал од 28 дена помеѓу секоја идоза, со можност тој интервал да се продолжи на 42 дена доколку е потребно.

Извештајот на САГЕ исто така ја нагласува потребата вакцината да се користи во установи каде што лековите за алергиски реакции се лесно достапни.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.