Сусамот е еден од омилените зачини години наназад. Иако е традиционален додаток на јадењата од ориенталната кујна, тој е широко прифатен и во другите кујни. Корисен е затоа што само една лажичка сусам дава многу енергија и сила. Покрај тоа е многу вкусен.

Семето од сусам е еден од најстарите зачини, кој датира од 1600 година, а бил многу ценет поради маслото кое е многу отпорно и тешко се расипува. Сусамот се мали, тенки и овални семки, кои имаат вкус на јаткасти плодови и деликатна арома, а може да има различни бои – од бела до жолта, црвена и црна.

Во неговиот состав има бакар, манган, како и магнезиум, калциум, железо, фосфор, витамин Б1 и растителни влакна, освен овие минерали, сусамот содржи и две единствени состојки – сезамин и сезамолин. Четвртина шолја семе од сусам го снабдува организмот со 75 отсто од дневната доза бакар и 32 отсто магнезиум.

Чувајте го во замрзнувач

Ако купувате сусам во пакување, внимавајте да е херметички затворено. Пред употреба кога ќе ја отворите кесичката (или ако купувате на мерење), помирисајте да не е расипано. Ако е нелупено, може да се чува на ладно, суво и темно место, а ако е добро излупено, може да се чува во фрижидер или замрзнувач. Сусамот е основна состојка на таанот, позната паста од сусам, и алвата, традиционален десерт во Централна Европа.

Поради својот пријатен вкус, тој може да се додава на разни јадења давајќи им полн и пријатен вкус. Домашните печива се навистина неодоливи кога ќе им се додаде сусам. Добро се комбинира со мед и лимон. Можете да го додадете и во салата или во варен зеленчук. Пилешките раженчиња се повкусни ако ги валкате во сусам.

Ако сакате да подготвите вкусно пиле, измешајте сусам со оцет, мед и лук, па со добиената смеса премачкајте го пред печење. Исто така, сусамот можете малку да го потпечете. Ставете неколку лажици сусам во тавата и печете го 1-2 минути, додека порумени. Кога е печен, сусамот е одличен зачин и декорација на кифлички или јадења со ориз. Можете да го измешате со мајонез и туна, па да го користите како намаз.

Таанот е одличен појадок

Оваа паста од сусам е корисна затоа што освен што ги содржи сите витамини и минерали што ги има во свежото семе, тој е антиоксиданс. Препорачлив е за луѓе со остеопороза, болести на коски и зглобови, како и кардиоваскуларни и стомачни болести. Можат да ја консумираат трудници, доилки, спортисти и луѓе изложени на стрес. Таанот се користи во различни комбинации, од кои онаа со мед е класична. Се препорачува во комбинација 1:1 наутро. Одличен појадок е и дава енергија за цел ден. Друга позната комбинација е со семе од лен, која на организмот м у дава многу витамини –А,Е,Ц, влакна и омега масла – 3,6 и 9. Во разни комбинации таанот е корисен при дијабетес, проблеми со желудник, гастритис, колики, анемија, камен на бубрези и др. Сепак треба да се внимава со неговата употреба, како и со употреба на сусамот, затоа што е алерген.