Во самиот финиш од натрепварот на „Гевис Стадион“ се случија немили сцени, бидејќи најскапото засилување на Наполи во историјата, Виктор Осимхен по еден дуел падна и веројатно загуби свест.

Шпицот на гостите од Неапол оддеднаш падна на теренот и веднаш беше изнесен и пренесен во болница, но според италијанските медиуми се освестил на патот кон медицинскиот центар во Бергамо.

Според италијанските медиуми тој е во стабилна состојба и комуницирал со докторите. Веројатно се работи само за потрес на мозокот, поради кој ќе некое време да биде надвор од терените.

Фудбалерите на Аталанта го победија Наполи со 4-2, во натпревар кој немаше голови во првиот, но паднаа дури шест погодоци во вториот дел. Екипата од Бергамо беше подобра и иако „партенопеите“ се враќаа во два наврати, не им дадоа премногу надеж и заслужено победија.