Смртоносниот топлотен бран во Канада досега однесе најмалку 233 животи, соопштија властите.

Ова е невиден црн рекорд поради екстремно високи температури. Најсилно беше погодена провинцијата Британска Колумбија, каде во градот Литон беше регистрирана рекордна температура од 49,6 степени Целзиусови.

Претходниот рекорд беше поставен во минатиот век – 1937 година и беше 45 степени.

Експертите предупредуваат дека таквите екстремни температури може да предизвикаат големи шумски пожари.  (МИА)