Порталот „Пари“ направи анализа и споредба на пресекот на бруто платите по секоја дејност одделно. Како што пишува овој портал највисоките просечни бруто плати се два ипол пати повисоки од просечната плата, која што ја објави Државниот завод за статистика, а која изнесува 28.642 денари.

Според анализата на порталот „Денар“, повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна бруто плата во август била 112.044 денари или 1.822 евра.

Веднаш по нив се вработените со дејност Информации и комуникации кои во мај просечно земале  83.100 денари или 1.351 евра, а на трето место се вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 79.076 денари или 1.286 евра.

На четврта позиција се вработените во сектор Воздухопловен транспорт со бруто плата од 70.831 денар или 1.152 евра.

Во првата петорка, на петтото место се најдоа и вработените во  Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со просечна бруто плата од 69.756 денари или 1.134 евра.

На шестото и седмото место се рангирани вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со просек на плата од од 68.136 денари или 1.108 евра, додека пак кај вработените во Финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна бруто плата 66.692 денари или 1.084 евра.

Вработените во секторот Телекомуникации се позиционирале на осмото место со просечна бруто плата од 63.603 денари или 1.083 евра, а веднаш по нив се вработените во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде просечната бруто исплатена плата изнесува 62.788 денари или 1.021 евро.

Во топ 10 компании со влегуваат и вработените со дејност Снабдување со електрична енергија, Гас, Пареа и Климатизација со просечна бруто плата од 62.788 или 1021 евра.

Последни на листата кои имаат просек бруто плата над 1000 евра се најдоа вработение во секторот Вадење на други руди и камен каде просечната бруто плата изнесува 61.621 денар или 1.002 евра./Пари