По неочекуваниот чекор од Албанија, која воведе задолжителен двонеделен карантин за сите кои влегуваат во земјата од Македонија, позитивни сигнали дојдоа од Црна Гора. Црногорскиот министер за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, најави дека македонските граѓани летово ќе може да патуваат во неговата земја без ПЦР-тестови. Во наредните неколку дена се очекува прецизирање на конкретниот датум од кога нашите туристи ќе можат да одат на летување на црногорското приморје.

-Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и пср-тестирањето, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, напиша на Спајиќ.