Во моментов се случува хаос во Скопје, но во исто време и крах на системот на јавен превоз кој што предизвикува крах на системот на целокупниот превоз – рече Стефан Андоновски, советник во Совет на Град Скопје.

Нашите сомнежи се дека на средбата која се случила на средбата во влада помеѓу Данела Арсовска, Димитар Ковачевски и еден градоначалник од скопските општини, било дискутирано за делот од овие бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис-партнерот и дел од коалицијата на СДСМ и тоа е причина за колапсот кој му се случува на градот – изјави Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Совет на Град Скопје за „Тема на денот” на Сител ТВ.

Андоновски истакна дека може да се случи Скопје да остане без јавен сообраќај и тоа ќе биде одговорност на дуото Димитар Ковачевски и Данела Арсовска.

– ЈСП е доведено до колапс и не може да исплати ни плати на своите вработени ни давачки, а во исто време менаџерскиот тим потпишува договор за набавка на гориво по цена на 118 денари за литар со ДДВ, а во моментов пазарната цена е 84,5 денари за литар дизел. Тој договор потпишан на 25 октомври. Овие фактури ЈСП редовно ги сервисира, но не ги сервисира приватните превозници и обврските кои ги има кон нив – рече тој.

Андоновски нагласи дека лицето кое е назначено за директор во мај е член на СДСМ, активен во општинската организација во Аеродром, а вработен во ЈСП во времето на Петре Шилегов и во тоа време врши висока раководна позиција во рамки на ЈСП, а сега поставен од Арсовска за директор.

Андоновски се осврна и на хаосот кој што се случува во Скопје со јавниот превоз.

– Во моментов се случува хаос во Скопје, но во исто време и крах на системот на јавен превоз кој што предизвикува крах на системот на целокупниот превоз. Затоа што во исто време се раскопани десетина клучни булевари, а на најголемиот број од нив не се работи воопшто, туку се раскопани и оставени несистемски и неплански. И во исто време јавното сообраќајно претпријатие се обидува да покрие она што треба да го покриваат приватните превозници, а тоа не може да го направи – истакна Андоновски.

Андоновски додаде дека досега 25 години во Скопје линиите кои што не може да ги покрие ЈСП, секогаш ги покриваат приватните превозници. Такви линии се многу, и сега ЈСП се обидува да компензира, но тоа не им оди од рака.

– Која е суштината на проблемот? Суштината е дека од август месец наваму ниту една признаена фактура која што приватните превозници ја дале кон јавното сообраќајно претпријатие не е платена. Во последните четири месеци особено од кога е дојден новиот директор од мај месец наваму тие фактури се признаваат од страна на ЈСП и Градот Скопје дека се валидни, но во исто време не се исплаќаат. Заради неисплатените фактури приватните превозници излегуваат на протест, во исто време Градот за да ја покрие неспособноста на менаџерскиот тим на ЈСП ја растура маглата зборувајќи за некакви картички кои што се продавале или не се продавале, за дебатата да се префрли во таа насока – дали приватните превозници продавале или не продавале карти. Но, суштината на проблемот е дека издадените фактури на приватните превозници не биле плаќани од страна на ЈСП – рече тој.