Сателитскиот интернет „Старлинк“ управуван од компанијата „СпејсИкс“ отсега е достапен и во Македонија.

Оваа информација ја соопшти компанијата на Твитер каде пишуваат дека се возбудени за понатамошен пристап до брз и интернет со ниска латентост на Балканот.

Досега, сателитскиот интернет е достапен во 48 земји во САД и 36 земји низ светот, а целта на компанијата „СпејсИкс“ е глобално покривање со услугата „Старлинк“.

До крајот на годината и почетокот на следната, „Старлинк“ треба да биде достапен и во другите земјите од Западен Балкан, односно во Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.