Натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ќе го отворат претпоследното коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите. Дербито ќе се одигра во Лисабон, каде на Бенфика ќе и готува Јувентус. Со внимание ќе се слеи и ситуацијата во Е групата, каде сите четири тима имаат реални шанси за пласман во осмина-финалето. Јувентус има тешка задача во Х групата, да избегне елиминација. Бенфика победи во првиот натпревар во Торино, а во првите четири рунди освои осум бода и го дели првото место со ПСЖ.

За Јувентус на овој меч единствена опција е победата. Дури и победа не и гарантира пласман на „старата дама“ во нокаут-фазата. Лоша вест за Јувентус и и тоа што Бенфика последниот пораз го има забележано на 7.мај. ПСЖ е голем фаворит против Макаби Хаифа.

Табела, Група Х:

ПСЖ 8, Бенфика 8, Јувентус 3, Макаби 3.

Ситуацијата во групата Е е многу интересна бидејќи теоретски сите четири екипи имаат шанси за пласман во осмина-финалето. Поради тоа со големо внимание ќе се следат дуелите во Салцбург и Загреб. Австрискиот првак ќе го пречека Челси, додека на Динамо, во чии состав се најавени Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе го пречека шампионот на Италија, Милан.

Табела, Група Е:

Челси 7, Салцбург 6, Милан 4, Динамо 4.

Реал од Ф-групата си обезбеди место во следната рунда. Против Лајциг, бранителот на трофејот треба да го потврди првото место во групата. Реал на гостувањето во Германија ќе биде без тројца важни играчи: Бензема, Модриќ и Валверде.

Лајпциг со Шахтјор се бори за место во осмина-финалето. Украинскиот шампион гостува кај Селтик.

Табела, Група Ф:

Реал 10, Лајпциг 6, Шахтјор 5, Селтик 1.

Што се однесува до Групата Г, таму работите се прилично јасни кога станува збор за патниците во осмина-финалето. За очекување е Манчестер сити да го обезбеди првото место во групата. „Граѓаните“ гостуваат во Дортмунд, а интересно ќе биде да се види како домашните навивачи ќе го пречекаат Ерлинг Халанд, кој продолжува да ги тероризира голманите ширум Европа.

Севилја, во вториот меч во групата, ќе го пречека Копенхаген. Ова ќе биде дуел за третата позиција и место во Лигата Европа.

Табела, Група Г:

Манчестер сити 10, Дортмунд 7, Копенхаген 2, Севилја 2.

Програмата во Лигата на шампионите ќе ја отворат од 18:45 часот натпреварите Салцбург-Челси и Севилја-Копенхаген. Останатите шест натпревари ќе започнат во 21 час.