Предмети во сопственост на Џенет Џексон носеше во музичкиот спот „Scream“ беа понудени на тридневна аукција организирана од аукциската куќа „Julien’s“

Од аукциската куќа велат дека нејзината црна кошула, долги кожени панталони и црните кожени чизми над глуждот биле продадени за 125.000 американски долари. Аукцијата наречена „Иконични богатства од легендарната кариера и животот на Џенет Џексон“ ќе трае заклучно со денес, недела, што воедно е 55-тиот роденден на пејачката.

Ѕвездата соработуваше со „Juilen’s Auctions“ за продажба на повеќе од 1.000 предмети од нејзината кариера и личните богатства. Аукцијата се одржа во живо во Беверли Хилс, Калифорнија и беше прикажана на веб-страницата на аукциската куќа.

Дел од приходите ќе бидат наменети за „Compassion International“, организација што им помага на децата да избегаат од сиромаштијата.