Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска остварил средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски.Ахмети му се заблагодарил на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Како што соопштија од ДУИ, билатералните односи меѓу двете земји на средбата биле опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.На средбата Ахмети и Липавски разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.– Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Северна Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство, се наведува во соопштението од ДУИ.

Претседателот на ДУИ Ахмети нагласил дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања.Ахмети потенцирал дека земјата од овој процес ќе излезе како победник, како што излезе победник, стои во соопштението, со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.