Веста за свршувачката на поп-ѕвездата Кајли Миног, што случајно ја откри Били Пајпер, ја потврди маќеата на Пол Соломонс, Велшанинот кој го освои срцето на австралиската пејачка.

Поранешната поп-ѕвезда, а денес актерка Били Пајпер (38), во интервју за британското издание на списанието „Ел“, случајно откри дека Кајли Миног (52) и нејзиното момче Пол Соломонс (46), креативен директор на списанието „Џи Кју“, се свршени.

Од списанието „Дејли мејл“ ја контактирале Глорија, маќеата на Соломон, која со неговиот татко Марк е во брак 41 година. Глорија не знаела дека Пајпер ја открила тајната за свршувачката, но рекла дека ја запознала Кајли и дека ѝ се допаѓа.

Instagram
Instagram

– Многу е мила и воодушевена сум што се свршени. Тоа е многу возбудливо, но за жал не можам ништо повеќе да ви кажам, бидејќи замолена сум тоа да не го правам. Го почитувам својот син и премногу ја почитувам Кајли за да откријам повеќе детали – изјавила таа и додала дека не знае кога и каде ќе се одржи венчавката.

Ајвор Џонс, сопругот на Никол, сестрата на Пол, рекол дека ја запознале прекрасната Кајли, но ништо повеќе од тоа нема да коментира, освен ако не му понудат „милиони“.
По повеќе долгогодишни врски, Кајли во 2016 година се сврши со тогаш 28-годишниот британски актер Џошуа Сајси. Врската беше бурно завршена по една година, по што Кајли беше емотивно уништена.

Instagram
Instagram

Со Пол почнаа да излегуваат во 2018 година, а дури минатата година откри дека запознала некој со кого се чувствува добро. Пол е дипломиран графички дизајнер, медиумски могул и наградуван креативен директор на британските списанија „Џи Кју“ и „Џи Кју стил“ од 2001 година. Претходно работеше за списанието „Мари Клер“ и има сопствена компанија „Пол Соломонс дизајн“.

Во октомври минатата година се појави вест дека оваа година планира венчавка во Мелбурн, во зависност од развојот на ситуацијата со ковид-19 пандемијата.
Во октомври Кајли гостуваше во ток-шоуто „Лорејн“ и не откри ништо иако ја прашуваа во врска со можната венчавка.

Instagram
Instagram

Многу е мил. Веројатно ова не го гледа, бидејќи сум сигурна дека е на работа. Голема поддршка ми е. Многу се смееме кога сме заедно. Двајцата во животот имаме поминато многу и се запознавме во вистинското време, така што сè е убаво – се фалеше Кајли од новиот партнер, а кога водителката заѕвоне со црковни ѕвончиња, поп-ѕвездата ја прекина викајќи: „Лорејн!“.

Кајли подоцна објасни дека почувствувала љубовна магија, можеби не како во романите со пеперутки и ѕвезди, но дефинитивно почувствувала. Нејзините пријатели забележале дека таа поинаку се однесува, иако била убедена дека добро се држи и тогаш била сигурна дека нешто ѝ се случува.

Состанокот со Пол го предложил нивни заеднички пријател, но одлуката не ја донесла лесно.

Во тој миг не бев заинтересирана за никого. Размислував „да или не, можеби еден ден“. На крај се случи тој ден, ние се поврзавме и си се допаднавме – откри пејачката.