Тренерот на Игокеа Драган Бајиќ со кого постигнува одлични резултати ќе биде новиот селектор на македонската кошаркаска репрезентација.

Иако не го откриваат името, сепак од федерацијата известуваат дека за три дена ќе се одржи прес конференција на која ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација.

Промоцијата ќе се случи на 19 април (понеделник) со почеток од 12.00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје.

Досега сениорите од клупата ги водеше Александар Тодоров кој имаше неуспешни квалификации за пласман на следното Европско првенство.