Србија се соочува со најсилниот удар од коронавирусот од почетокот на епидемијата. Здравствениот систем е преоптоварен, а ковид-амбулантите се преполнети, а се повеќе пациенти во болниците се приклучени на респиратор, пренесува РТС.

Advertisements

Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, д-р Бранислав Тиодоровиќ, вели дека луѓето мора да ја сфатат сериозноста на ситуацијата.

„Сите ние ја правиме државата и без оглед на тоа што државата направи многу за да обезбеди три ковид-болници, тука се и здравствените работници кои треба да го издржат сето ова, цената ја плаќаат луѓе кои не се заболени со ковид, бидејќи не може да им се обезбеди тоа што треба, без разлика дали се работи за малигни заболувања, кардиоваскуларни, пулмонални, дијабетичари …“, рече Тиодоровиќ.

Според него, моментната епидемиолошка состојба во Србија е катастрофална и ова повеќе не е само здравствен проблем, туку социјален и психолошки проблем.

Прикажи повеќе