Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата повеќе не е вонредна.

Кон, исто така, изјави дека е одлучено да почнат и подготовките за одржување на белградскиот маратон во јуни.

„За останатото ќе се види, зависи директно од ситуацијата. Што се однесува до другите мерки, нема промени. Останува како што беше досега“, изјави Кон.

Тој посочи дека бројот на отпуштања пациенти во српските болници е зголемен во однос на бројот на приеми, дека ситуацијата повеќе не е вонредна, но дека е неповолна.

Кон посочи дека целта е да се достигнат три или 3,5 милиони луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирус што е можно поскоро. Бројот на оние кои ја примиле втората доза досега надмина 1,2 милиони.