Руската вакцина Спутник V е регистрирана во скоро 70 земји, што ја прави една од најбараните во светот во борбата против ковидот, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин.

Досега Спутник V е регистрирана од скоро 70 земји во светот, бидејќи руската вакцина ја докажа својата безбедност и ефикасност“, рекол Мишустин на онлајн едукативниот маратон „Ново знаење“.

Тој изјави дека сега може официјално да се каже дека Спутник V е една од најдобрите и една од најбараните вакцини во светот.

Мишустин додал дека руските граѓани можат вакцината да ја добиваат бесплатно и ги повика сите Руси да се вакцинираат.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.