Двата лидери на табелата во Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе играат еден против друг во четвртото коло од ФА Купот, одлучи денешната жрепка.

Најголемите ривали во англискиот фудбал ќе играат на „Олд трафорд“ на 23. или 24. јануари и тоа ќе биде нивен втор натпревар во седум дена. Претходно на 17. јануари, Ливерпул ќе ги пречека „црвените ѓаволи“ во рамките на Премиер лигата.
Во останатите натпревари во четвртото коло ќе играат:
Челтенам – Манчестер сити
Борнмут – Кроули
Свонси – Нотингем форест
Саутемптон/Шресбери – Арсенал
Барнсли – Норич
Чорли – Вулверхемптон
Милвол – Бристол сити
Брајтон – Блекпул
Викомб – Тотенхем
Фулам – Барнли
Шефилд јунајтед – Плимут
Челси – Лутон
Стокпорт/Вест Хем – Донкастер
Брентфорд – Лестер
Евертон – Шефилд венсдеј