Италијанската „Газета дело спорт“ ги соопшти детали како ќе изгледа новото Светско првенство. На Светското Првенство во 2026, во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе играат вкупно 48 репрезентации.
Шеснаесет од нив ќе доаѓаат од европскиот континент и настанот во 2026 година ќе се игра во 16 градови. Ќе има дванаесет групи со по четири репрезентации, а во наредната фаза одат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус осумте најдобри третопласирани селекции. Наместо досегашното осминафинале, нокаут-фазата ќе стартува со 1/16-финалињата, што значи дека елиминациската фаза ќе брои 32 од вкупно 48 учесници.
Според новитетите, на следното Светското првенство, кое е за неполни четири години, ќе се одиграат вкупно 104 натпревари.