Советот за безбедност на ОН, по барање на Русија денеска треба расправа за истекувањето гас во Балтичкото Море над гасоводот Северен тек. Досега властите на Шведска и Финска пријавиле две истекувања гас на шведска и две на данска страна. Европа оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“.

Гасоводите Северен тек 1 и 2 во моментов не работат, но во цевките има гас. Сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека снимиле силни експлозии во областа, поради што шведската полиција започна истрага за можна саботажа. Инцидентот предизвика пораст на цените на природниот гас во Европа.

Прикажи повеќе