До овој момент решение за позитивни лица, упатени на домашно лекување имаме за пет позитивни, 13 решенија врз основа на контакти, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, по информацијата дека автобус со тинејџери кои се вратиле од одмор во Грција е ставен во изолација.

Епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е сѐ уште во тек и оваа бројка може да биде променета – рече Сотирова Бухова за Сител.

Според неа, неофицијалните бројки се 26 патници, кои со таа група отишла на летување.

Колку се точно вратени со истиот автобус до овој момент ДСЗИ нема информација. Таа е важна за епидемиолозите од ЦЈЗ кои ги лоцираат контактите – рече таа.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.