Според каталонската ТВ3, во тек е состанок на челниците на каталонскиот гигант и се размислува за разрешување на холандскиот стручњак.
Отпуштањето на Куман би го чинело клубот 12 милиони евра. Многу членови на клубот се подготвени за оваа жртва, но има и такви кои би чекале уште неколку недели.
Тој дел од раководството сака да почека да види дали тимот ќе напредува според очекувањата поставени од Куман.
Меѓутоа, други информации велат дека состанокот веќе бил договорен порано и дека за отказ нема да се дискутира.
Куман ја презеде Барселона во август минатата година. Тој го предводеше тимот на 58 натпревари и има учинок од 36 победи, 10 нерешени и 12 порази.
Segundo a Tv3, diretoria do Barcelona está tratando possível demissão imediata de Koeman em uma reunião neste momento.
Demiti-lo custaria €12M e há quem seja a favor de faze-lo agora.
Outra parte prefere esperar algumas semanas e ver se há evolução do time.
— Marcelo Bechler (@marcelobechler) September 16, 2021