Канадската кантавторка Клер Елиса Бучер, попозната како Грајмс, на својот инстаграм – профил, во вторникот напиша дека е „подготвена да умре со црвена прашина од Марс под нејзините нозе“, и приложи фотографија од фабриката „SpaceX“ во американската сојузна држава Тексас, пренесува „Daily Mail“

Грајмс со основачот на „SpaceX“ и извршниот директор на „Tesla“ Илон Маск, го имаат синот X AE A-XII.

Канадската пејачка на фотографијата носи црна маица со долги ракави, долго црвено карирано здолниште со високи шлицови, цветни хеланки и црни чизми за време на фотосесијата.

„The Sun“ пишува дека Гримс минатиот месец изјавила дека сака да се пресели на Марс откако ќе наполни 50 години со цел да воспостави човечка колонија таму.

„Најверојатно физичка работа до смрт, но се надевам дека тоа може да се промени“, додала пејачката.