Билјана Ангелова, сопругата на амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов, преку социјалната мрежа Facebook ја најави својата кампања „Стоп за домашното насилство. Животот е мој“.
„Да дадеме само една минута почит на жртвите на семеjно насилство и да им ја покажеме своjата поддршка! Сите кои не можат да бидат надвор – сликнете ги своите дланки, со пораки, качете ги на Facebook страницата коjа е посочена горе и охрабрете ги сите, кои имаат потреба да разберат дека нема ништо поважно од сопствениот живот!
На това ги поддтикнуваме со големиот актер Сашко Коцев, коj за втора година ја дава своjата поддршка на кампаниjата и со Имране Морина, коjа посака оваа година заедно да ја организираме инициативата“, пишува Ангелова на социјалната мрежа Facebook.
Ова е втора година по ред во кoja Ангелова инициира кампања против домашното насилство. Минатата година фокусот беше поставен на жените жртви на домашно насилство, додека годинава иницијативата е проширена со децата и со мажите жртви на таков вид насилство.
Главниот настан со кој што ќе се комплетира целата кампања ќе се одржи на 12 декември (понеделник) во 12 часот во центарот на град Скопје. Сите што сакаат да дојдат и да ја изразат својата поддршка кон луѓето жртви на семејно насилство се добродојдени да се придружат. Слично како и минатата година вакви настани во исто време ќе бидат организирани и во повеќе градови на РС Македонија.
Во склоп на проектот, кој што е поддржан од амбасадите на Бугарија, Косово и Европската унија во земјата, ќе биде организирана и конференција што се одржи во општина Чаир со почеток од 9 часот на 12 декември. Свое видео-обраќање ќе има и бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.
Како поддржувачи на иницијативата на Ангелова, годинава покрај Министерството за труд и социјална политика на РС Македонија се потпишуваат, институциите на ЕУ во земјата, голем број стопанственици, невладини организации и физички лица.
Медиумски партнери на инициjaтивата се БТА,МИА, Вечер, Zoom.mk, Monitor.mk и Tribuna.mk
Целосниот список со сите инволвирани во оваа благородна иницијатива на сопругата на бугарскиот амбасадор во земјата можете да го видите во нејзиниот пост објавен на социјалната мрежа Facebook.