Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени. УВ=8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран. Од петок дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35 степени.