Менаџерот на Манчестер јунатед, Оле Гунар Солсјкер е презадоволен по победата на неговите играчи од 6:2 над Лидс во рамките на 14. коло од Премиер лигата.
Со новите три бода, „црвените ѓаволи“ се трети на табелата со 26 бода, пет помалку од Ливерпул, а воедно имаат и натпревар помалку.
– Фантастично игравме уште од првата минута. А, замислете на трибините да имаше 75.000 навивачи. Сметам дека можевме да победиме и со 12:4 бидејќи играта беше многу брза, а за тоа заслуги има и Лидс. Без разлика на резултатот, Лидс секогаш игра офанзивно и на 5:0 и на 0:5. Победата е добра, но не треба да ја гледаме табелата туку да напредуваме во играта. Засега сме на вистинскиот колосек – вели Солскјер.