Популарната апликација “Снепчет” го бележи најголемиот раст во периодот од неколку години. Бројката на дневно активни корисници се зголеми на 293 милиони, а тоа пораст од 23% во однос на истиот период минатата година.

Ова всушност е најголемиот пораст во изминатите неколку години, а исто така подобрен е претходниот најголем пораст од 22% забележан пред 4 години. Со ова Снепчет го надмина Твитер, кој во вториот квартал забележа 206 милиони дневно активни корисници.

Вкупниот приход е зголемен за импресивни 116% на 982 милиони долари, што досега е најдобар резултат. Растот е брз дури и во споредба со Твитер и Фејсбук.

Сѐ попопуларна е можноста Спотлајт слична на Тик-Ток, која им плаќа на корисниците за нивните видеа. Бројот на дневно активни корисници на Спотлајт порасна за 49%, а просечната количина на дневна содржина е три пати поголема.

Растот се должи на локдаунот кој е воведен поради коронавирусот, но и подобрената Андроид апликација.