Ракометната федерација на Словенија (РЗС) соопшти денеска дека 12 членови на репрезентацијата се затруле со храна пред натпреварот од последното коло во групната фаза против домаќинот на Светското првенство Египет.

-Имавме многу здравствени проблеми во текот на ноќта и на денот на натпреварот против Египет. Од таа причина не можеме да бидеме задоволни од организацијата на ова Светско првенство, изјави генералниот секретар на РЗС, Горан Цвијиќ, за официјалниот сајт на Федерацијата

Од 12 ракометари, кои се затруле со храна, според наводите на РЗС, деветмина од нив настапиле на вчерашниот меч против Египет што заврши нерешено 25:25.

Освоениот бод му беше доволен на домаќинот на Мундијалот да обезбеди пласман во четвртфиналето како второпласиран во групата, додека Словенија заврши на третото место со бод помалку од Египет.

Во четвртфиналето, Египет ќе игра против Данска, а преостанатите двојки ќе бидат познати по денешните натпревари на Светското првенство.