Кристи Бринкли, американска манекенка и актерка повторно предизвика лавина реакции на социјалните мрежи каде има голем број обожаватели.

За легендарниот модел кој за време на пандемијата е многу активна на социјалната мрежа „Инстаграм“, ретко кој би можел да претпостави дека има 67 години.

И во седмата деценија, русокосата убавица на која многумина се сеќаваат од видеото на песната „Uptown Girl“ на нејзиниот тогашен сопруг, славниот музичар Били Џоел со кого ја дели ќерката Алекса Реј, воодушевува со својот изглед.

За фотографијата на која позира со членовите на семејството и пријателите додека кајакаат, убавата Кристи доби безброј комплименти, особено за нејзината топ форма и витки нозе.

Убавица што не старее“, „Прекрасна си“, „Безвременска убавина“, беа само дел од коментарите од нејзините бројни обожаватели.

Во една прилика згодната Американка откри дека нејзината витка линија се должи на здравиот начин на живот: вегетаријанската исхрана на која ѝ е верна со години и редовната физичка активност.

Бев во најдобра форма додека живеевме во Чикаго само поради танцување. Би сакала да научам некои хип-хоп движења. Покрај тоа, се занимавам со велосипедизам на затворено, скијам, возам кајак, веслам, возам велосипед… И секако, често трчам на плажа во друштво на моите кучиња“, во една прилика изјави Кристи.

Како најдобра формула за мускулно тело, Бринкли советува комбинација на истегнување и кардио тренинг што ефикасно ги топи масните наслаги.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Кога станува збор за ритуали за убавина, русокосата манекенка никогаш не прескокнува едно нешто.

Секој ден го започнувам со иста рутина за убавина веќе 40 години – чистење на лицето. Правам ситни кружни движења по целото лице и потоа го мијам со ладна вода. Тоа ме буди веднаш. Ставам хидратантна крема и потоа одам во кујна за да си направам млака вода со лимон и кафе. Обично тоа го носам со себе назад во бањата каде започнува втората фаза од негата за лицето. Ставам течна основа на лицето, се шминкам и подготвена сум да го започнам денот“, откри во една пригода.