Норвешкиот ски-скокач Халвор Егнер Гранеруд е победник на вечерашното натпреварување во Светскиот Куп во Вилинген, Германија. Третата победа во низа и 21-ва во кариерата ја оствари со скокови од 149.5 и 138 метри, односно со 296.6 поени.

Второто место му припадна на словенечкиот натпреварувач Анже Ланишек (150 и 138 метри), кој заостана 2,7 поени од победникот, додека на подиумот се искачи и Полјакот Давид Кубацки (147 и 137 метри) со 281,3 поени.

Гранеруд е лидер во вкупниот пласман на Светскиот Куп со 1.416 бодови, втор е Кубачки со 1.264, а трет Ланишек со 1.070 бодови. Натпреварувањето во Светскиот Куп ќе продолжи утре со нова серија во Вилинген./Gol.mk/

Прикажи повеќе