Во населба во Зајас се гради земјоделски систем за наводнување. Ќе биде долг 1300 метри за 100 хектари земјиште и чини 150 илјади евра, објави ТВ21.

Оваа инвестиција опфаќа само една населба, која во последните години почна да сади тутун, бидејќи другите земјоделски површини во делот каде што се гради системот за наводнување со години не се обработуваат.

Симптоматично е што овој систем за наводнување се гради токму кај нивите на семејството Ахмети, поточно братот на Али Ахмети. Уште поголем проблем е што системот ќе добива вода од Зајаска река, во која, пак, се слеваат фекалии и отпадни води.

Целата сторија на ТВ21.