Фудбалската репрезентација на Швајцарија не дозволи изненадување и уште еднаш покажа дека е во европскиот „крем“, па се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. До овој триумф Швајцарците дојдоа по победата над Србија (2-3) во директна битка за второто место.

Advertisements

Со тоа, оваа репрезентација врза пет големи собири (Светски и Европски првенства) од 2014 година досега, на кои ја минува групата. Швајцарија е единствената селекција, заедно со светскиот првак Франција, која успеала во таков подвиг. Ниту една друга репрезентација од „стариот континент“ не успеала да дојде до таков подвиг, освен Швајцарија и Франција. Ривал на Швајцарците во осминафиналето ќе им биде Португалија.

Прикажи повеќе