„Уште пред тестот за антитела се чувствував добро, двете дози примени вакцини ги поминав без поголеми нуспојави. Затоа на Нова година решив да отпатувам кај мојата 74-годишна баба во близина на Санкт Петербург. Иако немав никакви симптоми, сепак на денот на патувањето направив ПЦР тест. Резултатот беше негативен“, вели дописникот на ДВ, Сергеј Сатановски откако доброволно учествувал во тестирањето на руската вакцина „Спутник 5“, примајќи ги двете дози.

Тој вели дека на новогодишната ноќ, баба му почнала да кашла, па продолжила и утредента.

„На почеток не помисливме на коронавирусот, мислевме деека настинала поради минусните температури. На 3 јануари отидов во Санкт Петербург и вечерта веќе кренав температура 37,4, а имав болки во грлото. И баба ми на село имаше слични симптоми. Кај мене исчезнаа за два дена, но баба ми на третиот ден качи температура и чуствуваше голема омалаксаност. Се јави на лекар кој дојде да и направи ПЦР тест. Резултатот позитивен. Немаше потреба од хоспитализација, но текот на болеста и беше навистина тежок – три недели температура, омалаксаност и покачен притисок. Од друга страна пак мојот ПЦР тест беше повторно негативен“, потенцира Сатановски.

Тој додава дека кај баба му бил конфронтиран со голема количина на вирусот, но благодарение на антителата текот на заболувањето бил благ.

„Неколку дена по враќањето од Санкт Петербург повторно ми беше направен тест за антитела. Резултатот го добив веќе следниот ден: 310 единици на милилитар крв. Одличен резултат во споредба со она што го споделуваа другите во групата, си помислив. Тоа ми го потврди и Димитри Денисов, директор на лабораторијата Хеликс во Москва. „Имате прилично високо ниво на антитела во споредба со останатите вакцинирани или луѓе што прележале корона“, ми рече тој. Непобитно е дека констатираните антитела се резултат на вакцината. По заболувањето до моментот на тестирање не можеле да се создадат толку брзо, уште помалку во толкава количина“, посочува дописникот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.