Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека ќе побара од општинскиот сообраќаен инспектор, повторно да спроведе координирана акција  со инспекторите од Државниот инспекторат за труд и сообраќајната полиција  на автобусите со кои се превезуваат текстилните работници.

Посочи дека ваквите координирани акции се иницирани од работниците и „Гласен Текстилец“, кои реагираа дека на овие летни горештини се превезуваат во неклиматизирани автобуси.

– Воедно им укажавме на превозниците да ги запазат основните услови за правоз на патници, за да обезбедиме благосостојба на работниците, затоа што законите важат еднакво за секој од нас, вели Јорданов.