Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека земјата е добро подготвена за енергетската криза што се очекува оваа зима и оти Германците немаат причина за загриженост.

– Ќе го пребродиме тоа. Живееме во сериозни времиња, рече Шолц во видео-порака.

Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните во Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот.

Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната, рече Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користењ фосилна енергија, а во случај на потреба и нуклеарна енергија.

Покрај тоа, федералната влада планира пакет помош за граѓаните, рече Шолц, додавајќи дека никој нема да биде препуштен сам на себе.

Прикажи повеќе