Македонскиот прволигаш Шкендија ја заокружи првата фаза од подготовките во Тетово и отпатува во Анталија, каде ќе го реализира централниот дел, со одигрување на пријателски натпревари.

Тренерот Ќатип Османи има на располагање засилен тим, со кој се надева дека ќе може да ја нападне и титулата. Шкендија во Анталија ќе одигра четири пријателски натпревари.

На 28 јануари е дуелот против Мура, три дена подоцна ќе се сретне со ЦСКА 1948, за 6. февруари е закажан мечот против Динамо Киев, а тестовите ќе бидат заокружени со мечот против Валмиера на 9. февруари.

Прикажи повеќе